Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орбaн: Со влезот на мигранти отворен е патот за пад на христијанството

Орбaн: Со влезот на мигранти отворен е патот за пад на христијанството

Унгарскиот претседател Виктор Орбaн и натаму останува на своите цврсти ставови дека не треба да се примаат мигрантите од арапските и африканските земји бидејќи со нив ќе се промени целата слика на Европа каде доминираат христијанските вредности. Тој е еден од ретките челници на земја членка на ЕУ која не ги прифати квотите за прием на мигранти. 

Орбан во вчерашниот говор за состојбата на нацијата вели дека христијанството е последна надеж за Европа и оти политичарите во Брисел, Берлин и Париз кои се залагаат за прифаќање мигранти го отворија патот кон „пад на христијанската култура и напредување на исламот“. 

Орбан оцени дека исламот „наскоро ќе чукне на вратата на централна Европа“ како што напарви на западот, па и на југот на Европа. Аналитичарите сметаат дека Орбан со овој говор ја започна кампањата за изборите закажани за април годинава на кои се надева дека ќе освои трет мандат.

Слично

Поврзани вести