Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орбан се пожали дека им го земале морето и сега немаат пристаниште

Орбан се пожали дека им го земале морето и сега немаат пристаниште

Оние кои имаат море и пристаништа, можат да донесат нафта со танкери. Да не ни го земеа морето, и ние ќе имавме пристаниште, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју, мислејќи на брегот на Хрватска која некогаш беше под Унгарија.

Како што објаснил европски дипломат за Франс прес, на Унгарија за сигурно снабдување со нафта би ѝ бил потребен нов нафтовод кој би ја поврзал со Хрватска, која има пристап до море. Затоа бара гаранции дека Загреб ќе се ангажира на изградбата на таа инфраструктура, како и гаранции за европски финансиски средства.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан поради унгарското противење на заедничкото ембарго на Унијата на руската нафта. Фон дер Лајен рече дека се разјаснети некои прашања со Орбан.

Слично

Поврзани вести