Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орбан се огласи по бранот протести

Орбан се огласи по бранот протести

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по бранот антивладини демонстрации во последниот период ги искоментира демонстрациите во јавност и ги оквалификува како „хистеричен испад“ на опозицијата.

Серија на протести ја блокираа унгарската престолнина и другите градови во последните денови, а иницијална каписла бепе контроверзниот нов закон за работни односи.

Орбан рече дека реакцијата на опозицијата е прекумерна.

"Доживувавме таков хистеричен излив многу пати, меѓу другото, кога воведовме работна обврска за корисниците на социјална помош", рече тој. 

Орбан, во редовното интервју за унгарското државно радио, рече дека протестот не е бил изненадување за него, објави германската новинска агенција ДПА. 


Слично

Поврзани вести