Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОРБАН ПОВИКУВА 50 000 РАБОТНИЦИ ВО УНГАРИЈА:Странците во предност!

ОРБАН ПОВИКУВА 50 000 РАБОТНИЦИ ВО УНГАРИЈА:Странците во предност!

Унгарија би можела да го зголеми вработувањето на странците како би се изборила со недостатокот на работна сила, изјавил тамошниот министер за економија.

Меѓутоа, додал дека ќе биде вработен „одреден вид на странци“.

Унгарскиот министер за економија Михаил Варга изјавил во интервју за весникот „Хети Валац“ дека „доаѓаат предвид странци чие културно и историскио потекло е слично на унгарското“, пренесе Ројтерс.

Државата со помалку од 10 милиони жители останала без 500 000 млади Унгарци кои ја напуштиле татковината во потрага за подобро платени професии во западна Европа.

Тоа создало 50 000 работни места во приватниот сектор за кој е невозможно да се најдат работници, а министерот Варга вели дека работна сила ќе донесе до ЕУ или од „соседните трети земји“.

Тој, меѓутоа не прецизирал на кои земји мисли.

Слично

Поврзани вести