Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орбан објасни како се чувствувал по изборниот дебакл

Орбан објасни како се чувствувал по изборниот дебакл

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан кој по 16 години ја изгуби власта, опиша како се чувствувал по изборниот пораз. 

„Во неделата чувствував болка, во понеделникот празнина. Сега сум на работна терапија за да ја пополнам таа празнина“, призна Орбан за YouTube каналот Patriota. 

Тој откри дека уште со првите податоци за високата излезност сфатил дека е во неволја, бидејќи бранот нови гласачи бил насочен директно против неговата партија Фидес.

„Бог да ја чува Унгарија“, рече Орбан, додавајќи дека се сомнева оти новите луѓе на власт ќе можат безбедно да ја заштитат земјата од проблеми како што се војната, енергетската криза, инфлацијата и миграцијата.

Тој рече дека ќе ги поддржи сите добри работи што ги прави новата влада, но ќе гласа против она што не го смета за добро.

Орбан, исто така, наведе дека не е правилно да се повикува претседателот на државата, кој е избран од парламентот, да поднесе оставка, ниту е правилно да се повикуваат избраните раководители на други државни институции да поднесат оставка.

Викендот на изборите, Тиса на Петер Маѓар убедливо победи и сега има двотретинско мнозинство во Парламентот. 

foto Facebook/Viktor Orban

Слично

Поврзани вести