Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орбан: Не можеме да дозволиме секој да влезе во Европа – тоа ќе биде нејзиниот крај!

Орбан: Не можеме да дозволиме секој да влезе во Европа – тоа ќе биде нејзиниот крај!

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан за време на интервју за националното радио Kossuth изрази мислење дека ако Европа не ги заштити своите граници, таа ќе биде преплавена со десетици милиони мигранти.

"Реалноста е таква што Европа е загрозена од масовен прилив на мигранти. Десетици милиони мигранти можат да дојдат тука ", рече Орбан. "Не можете ли да сфатите дека може некој ден да се соочиме со малцинство на свој континент?", прашува премиерот.

Според него еден од најголемите проблеми во моментов е дека самите мигранти не сакаат да соработуваат со властите и не сакаат да се регистрираат во камповите за сместување. "За жал, не можеме да ги игнорираме правилата на Шенген", додаде Орбан.

Тој истакна дека единствениот начин да се задоволат легитимните потреби на европските граѓани за безбедност, е ако се заштитат границите. "Сега Европа треба да биде силна и богата, но во моментов е богата и слаба, што е најлошата можна комбинација", додаде тој.

Тој нагласи дека од 15 септември во земјата ќе започне уште построго гонење на трговците со луѓе. "Пазете се!", предупреди Орбан.

Во заклучокот тој направи тажна прогноза дека ако се дозволат премногу бегалци од Блискиот Исток, тоа ќе значи "крај на Европа".

Слично

Поврзани вести