Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орбан: Кризата со имигрантите е проблем на Германија, не на Европа

Орбан: Кризата со имигрантите е проблем на Германија, не на Европа

Населението на Европа е уплашено од неспособноста на европските лидери да се справат со миграциската криза. Тоа го изјавил унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на заедничката прес-конференција во Брисел со шефот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

„Населението е уплашено од неспособноста на европските лидери да обезбедат ефикасно решавање на кризата“, изјавил тој, истакнувајќи дека бегалската криза е проблем на Германија, а не на Европа.

Премиерот ја заштити работата на владата против бранот имигранти, додавајќи дека сите тие треба да се собираат во Германија, и да не ги преминуваат границите на другите земји.

Бегалскиот бран во Европа ги загрозува христијанските корени на континентот и затоа владите треба да ги контролираат своите граници пред да измерат колку имигранти можат да прифатат, изјавил унгарскиот премиер Виктор Орбан и во статија за германското издание „Frankfurt Allgemeine Zeitung“.

„Луѓето сакаат ние да ја решиме ситуацијата и да ги заштитиме своите граници. Само кога веќе сме ги заштитиле границите, тогаш може да се прашуваме колку луѓе можеме да прифатиме и дали треба да има квоти“, пишува Орбан за весникот.

Во исто време е јасно дека бегалците кои пристигнуваат од Унгарија во Виена, нема да бидат проверени или регистрирани и ќе им биде дозволено да го продолжат своето патување кон Германија.

Претходно денеска бегалците ги наполнија возовите од Будимпешта кон Виена, откако полицијата се повлече и пристапот до транспорт за стотиците мигранти кои чекаат беше обновен.

Парламентот во Будимпешта планира да прифати голем дел од законските измени со цел да се ограничи бегалскиот бран оваа недела, вклучувајќи ја и стратегијата да се намали бројот на илегалното преминување на границата до нула до средината на месецот, изјави за „Ројтерс“ висок претставник на владејачката партија „Фидес“ на Виктор Орбан.

Слично

Поврзани вести