Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОРБАН ЌЕ МУ ПОМОГНЕ НА ДОДИК: Во Република Српска ќе се изучува унгарскиот јазик

ОРБАН ЌЕ МУ ПОМОГНЕ НА ДОДИК: Во Република Српска ќе се изучува унгарскиот јазик

Во Република Српска ќе се изучува унгарскиот јазик. Проектот ќе го финансира Унгарија. 

Унгарски професори ќе почнат да предаваат на факултетите во Република Српска.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вети поинтензивна соработка и помош за Република Српска, а претседателот на РС, Милорад Додик при посетата во Будимпешта најави дека ќе се воведе изучување на унгарски јазик во неколку училишта во Република Српска. Унгарија со години е главниот европски столб на политиката на Додик, а Орбан е неговиот најголем и отворен заштитник, кој најавува дека ќе стави вето на повеќекратните најави за санкции на Европската унија против РС, пишува Klix.ba

„Унгарија е силно против употребата на санкции во случајот на БиХ и Србите во БиХ, бидејќи тие можат да доведат до ескалација на тензиите поради нивната контрапродуктивна природа“ – се наведува во соопштението од средбата.

Унгарија има интерес да инвестира во телекомуникациите, енергијата и финансискиот сектор во Босна и Херцеговина (БиХ). 

Додик потврди дека Унгарија ќе ги преземе проектите во Република Српска што ги откажа Германија како форма на санкции против Додик. 

Во скоро 30 училишта во Република Српска рускиот јазик се изучува како втор странски јазик, а во последните неколку години учениците учат и кинески.

Додик често зборува за отцепување од БиХ и затоа западните земји му воведуваат санкции. 

фото: EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Слично

Поврзани вести