Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орбан го призна поразот, Маѓар порача „Благодарам Унгарија“

Орбан го призна поразот, Маѓар порача „Благодарам Унгарија“

Унгарија се соочи со историски изборен пресврт, откако премиерот Виктор Орбан го призна поразот на парламентарните избори, ставајќи крај на неговото 16-годишно владеење.

Според првичните резултати, опозициската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар, убедливо води пред владејачката Фидес. По победата, Маѓар им се заблагодари на граѓаните со пораката „Благодарам Унгарија“.

Изборите беа оценети како најважни од демократската транзиција во 1989-90 година, со оглед на тоа што требаше да одлучат дали ќе продолжи владеењето на Орбан или ќе дојде до политичка промена.

Гласањето се одвиваше во атмосфера на силна политичка поларизација. Орбан, кој пред гласањето изјави дека е „тука да победи“, ги претставуваше изборите како избор „меѓу Истокот и Западот“.

Од друга страна, Маѓар порача дека токму овие избори ќе ја одредат иднината на земјата и нејзината позиција во Европа.

Владеењето на Орбан, кој важи за евроскептичен националист, беше обележано со модел на т.н. „нелиберална демократија“, кој доби поддршка од десничарските движења во Европа и од кругови блиски до американскиот претседател Доналд Трамп.

Резултатите од изборите се очекува да имаат пошироки политички последици, не само во Унгарија, туку и во Европа и западниот политички спектар.


Слично

Поврзани вести