Орбан бара прекин на огнот во Украина
Унгарскиот премиер Виктор Орбан кој беше против санкции за Русија, сега повикува на прекин на огнот во Украина, за да се спасат животи.
„Не сме наивни. Знаеме дека се мали шансите за мировен договор прифатлив за двете страни. Но, се разбира, првата фаза е да се постигне прекин на огнот преку преговори. Ова е единствениот начин да се спасат животи“, порача Орбан.
Тој цело време одбегнуваше да го критикува рускиот претседател Владимир Путин. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази сомнеж за кинескиот мировен план за Украина, посочувајќи дека Кина јасно не го осуди рускиот напад.Oрбан рече дека Русија не може да ја победи Украина бидејќи целиот западен свет се построи зад Киев.
Слично
