Економија, финансии, бизнис

Контакт

Orange и Visa ги здружија силите за лансирање на Orange Cash

Orange и Visa ги здружија силите за лансирање на Orange Cash
Visa Европа и Orange најавија стратешкото партнерство со цел да се зголеми популарноста и промовирање на секојдневната употреба на contactless исплати со мобилен телефон во Франција . Првиот чекор за целта е воведувањето на услугата Orange Cash . Како прв припејд производ од ваков вид во Франција , Orange Cash им овозможува на претплатниците на телеком операторот кои поседуваат паметен телефон , опремен со NFC технологија , да вршат бесконтактни мобилни исплати лесно и сигурно. Orange Cash е решение , создадено и раководено од компанијата Wirecard Card Solutions - член на Visa Европа . Партнерството ќе им овозможи на француските корисници да плаќаат за стоки и услуги преку нивните мобилни телефони. Бројот на бесконтактни терминали во Франција се зголеми за 50% во рок од шест месеци до септември 2013 година. Претплатниците на телеком операторот ќе можат да ја преземаат апликацијата Orange Cash , да ја наполнат со средства својата Orange Cash сметка од дебитна , кредитна или при-пејд картичка и веднаш да почнат да плаќаат бесконтактно. За сите набавки над 20 евра треба да биде воведен PIN за авторизација на трансакции . " Плаќањето со smartphone е нова функција која ќе жнее успех поради практичната примена во секојдневниот живот. Со ставање на Orange Cash , ние се стремиме да го забрзаме доаѓањето на мобилни плаќања во широк размер , и најмногу меѓу нашите корисници преку пригодни решенија со бројни предности " , вели Тиери Миле , потпретседател на мобилни плаќања и NFC во Orange . " Партнерството со Visa Европа ја зголемува довербата на нашите клиенти и гарантира усвојување на Orange Cash во голем број пунктови за продажба во Франција и во странство ", додава Миле . " Нашето партнерство со Orange е значаен чекор во насока на масовното спроведување на мобилни плаќања . Овој договор се заснова , како на единствена експертиза на Orange во NFC и Visa технологијата , така и на изградената веќе доверба во овие компании " , смета Сандра Алзета , извршен директор за мобилни плаќања во Visa Европа . Услугата Orange Cash ќе биде достапна за претплатниците на Orange во Стразбур и Кан во почетокот на 2014 година , пред нејзиното воведување во целата земја во вториот квартал на годината .
Слично

Поврзани вести