Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Oracle“ ја направи една од најголемите зделки во историјата

„Oracle“ ја направи една од најголемите зделки во историјата

Американската компанија Oracle Corp., светски лидер во областа на софтверско управување со бизнисот, денес го објави купувањето на давателот на софтвер и услуги, базирани на „облачна“ технологија, NetSuite Inc. Договорот е во вредност од 9,3 милијарди долари.

„Oracle“ соопшти дека компанијата понудила 109 долари за акција на NetSuite, што значи премија од 19% на цената на хартиите од вредност на крајот на трговијата во средата.

Купувањето на NetSuite е една од најголемите зделки во историјата на „Oracle“, која се очекува да ја зајакне својата позиција на компанијата во областа на "облачна" технологија, каде „Oracle“ се обидува да се израмни со конкурентите, пишува „The Wall Street Journal“.

Актуелниот извршен директор на NetSuite Зак Нелсон од 1990 година раководи маркетингот на „Oracle“, а шефот на „Oracle“ Лари Елисон е еден од најголемите инвеститори во NetSuite: фирма, која му припаѓа на семејството и контролира околу 40% од акциите на оваа компанија.

Слично

Поврзани вести