ОПТИМИЗАМ НА ЗЕЛЕНСКИ: Имаме потенцијал за напредок на фронтот
Украинските трупи дефинираа задачи со цел зајакнување на позициите
Украина има значителен потенцијал да напредува на фронтот и да им нанесе значителни загуби на руските сили, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во видео обраќање тој рече дека на состанокот на украинската воена команда биле дефинирани задачи во тактички области со цел зајакнување на позициите, пренесува Укринформ.
Се додава дека учесниците на состанокот се согласиле дека украинските сили имаат значителен потенцијал да напредуваат на фронтот и да им нанесат нови загуби на руските сили.
Слично
