Оптимистички очекувања на Фајзер и Бионтек: Дистрибуцијата на вакцината против ковид може да почне пред 25.декември
Фармацевтските компании
„Фајзер“ и „Бионтек“ кои ја развија вакцината против Ковид-19, очекуваат кон
средината на декември одобрување на дистрибуција на вакцината од страна на американските
и европските регулатори. Сметаат дека тоа е реално очекување, особено поради
фактот дека финалните тестирања на вакцината имаат одлични резултати, со 95
процентна заштита на оние кои ја примија.
Истовремено, последните тестирања покажуваат и дека по примањето на вакцината, волонтерите немале некои сериозни контраиндикации, а ефективноста на вакцината е утврдена во сите возрасти, од најмладата популација, до највозрасните.
Според извршниот директор на „Бионтек“, Угур Шахин, американската Агенцијата за храна и лекови би можела да даде итно одобрување за вакцината до средина на декември.
-Што се однесува пак до одобрување од страна на Европската Унија, се очекува тоа да биде во втората половина на декември. Ако сѐ помине добро, дистрибуцијата на вакцината би можела да почне пред Божик, но ова е најоптимистичкото сценарио, изјави Шахин.
