ОПТИМИСТИЧКА ПРОГНОЗА: Руски лекар тврди дека брзо ќе се справиме со пандемијата
Руски лекар тврди дека до крајот на летото годинава, пандемијата ќе исчезне во Русија.
Пандемијата би можела во целост да заврши во Русија до крајот на летото 2021 година, вели докторот по медицински науки и шеф на одделението за микробиологија на латентни инфекции при Институтот „Гамалеј“, Виктор Зујев. Според него, таа би можела да исчезне засекогаш. Рече дека сега најголемата опасност по човековото здравје се асимптоматските случаи затоа што иако вирусот не штети на нивното здравје, тие активно го шират. Зујев вели дека од вакцинацијата ќе зависи кога ќе се стави крај на пандемијата. Вели дека до крајот на август ќе успеат да обезбедат колективен имунитет кај 60-70 отсто од руското население. Во светот Русија е четврта земја по бројот на заразени. Русите создадоа и вакцина против коронавирусот.
