Оптичка илузија - Ем расисти, ем со слаб вид
Фејсбук група од Норвешка која е против мигрантите се посрамоти откако објави слика од буквално празен автобус со тоа што видот на седиштата наликува како да има жени со традиционалните муслимански бурки.
Страницата Татковината пред сè го истакна национализмот кај голем број на Норвежани кои упатија жестоки коментари дека наводно на сликата може да има и терористи бидејќи кој знае што оружје може да се скрие под бурката.
Коментарите во групата станаа многу популарни откако Синдре Беер ги објави расистичките реакции на нејзините членови.
„Што се случува кога фотографија од празни автобуски седишта е објавена во една одвратна Фејсбук група и речиси сите мислат дека гледаат куп жени во бурка?“, пишува Беер во својот статус кој е споделен повеќе од 1500 пати и кој предизвика масовно исмевање на антиимигрантската ФБ група.
„Кога помислив дека ништо од таа група не може да ме изненади, всушност успеаја да ме изненадат“, гласи еден од коментарите под објавата на Беер.
