ОПОРАВУВАЊЕ: Раст на кинеската и другите азиски берзи
Вредноста на кинеските акции денес влезе во позитивна територија после големите загуби забележани во почетокот на неделата кои ги потресоа финансиските пазари ширум светот.
Пресвртот меѓутоа направи малку за да ги надокнади загубите во двоцифрени проценти регистрирани неделава, наведува Би-Би-Си.
Добивка денес имале и други азиски берзи кои забележале раст реагирајќи на: спректакуларното опоравување на американскиот Вол Стрит кој вчера имаше највисок скок за четири години.
Расположението на инвеститорите исто така се зголеми на наговест од САД дека поради кинеските економски тешкотии нема да се подигне референтата камата, што се очекуваше во септември.
Позитивен тренд меѓутоа уште е несигурен поради ризикот од забавување на кинеската економија, додава Би-Би-Си. Расположението на инвеститорите се подобри, но ќе биде потребно време за трајно опоравување, рекол еден аналитичар.
Шангајскиот индекс денес порасна за 2,3 одсто на 2.991 поени. Тој индекс изгуби по осум одсто во понеделникот и вторникот. Трендот денес го следеа берзите во Хонг Конг, Сиднеј, Сеул и Токио.
Хонгконгскиот Ханг Шанг индекс скокна 2,3 одсто, најголема берза во регионот на јапонски Никеи и беше повисок за 2,0 одсто, јужнокорејскиот Коспи исто така забележал раст, друг ден по ред со зголемување од 1,1 одсто. Во Австралија референтниот индекс S&P/ASX 200 се зголеми за 1,7 одсто.
Тешките загуби на кинеската берза изминатава недела ги здрмаа светските берзи. Потегот на кинеската централна банка да ја намали клучната каматна стапкаа за позајмици првично не успеа да го смири кинескиот пазар.
Аналитичарите веруваат дека несигурното опоравување на финансиските пазари е знак дека се намалиле стравовите околу кинеските проблеми.
