Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опозицијата во Украина доби претседателско место во Врховната рада, Тимошенко на слобода

Опозицијата во Украина доби претседателско место во Врховната рада, Тимошенко на слобода
Опозицијата во Украина преку пратеникот од партијата „ Баткившчина“Александар Турчинов доби  претседател на украинскиот Парламент, Врховната рада. Турчинов воедно е и близок соработник на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко. Ваквата одлука следеше по оставката на досегашниот претседателот на Врховата рада, Володимир Рибак, соработникот на претседателот Виктор Јанукович. Рибак ја донесе одлуката да поднесе оставка по највата на голем број на пратеници од владејачката Партија на регионите за напуштање на партијата. - Повеќето членови на Владата на Украина ги напуштиле своите позиции и заминале во непознат правец, изјави на седницата во Врховата рада Турчинов. - Мнозинството министри ги напуштиле своите работни места и заминале во непознат правец. Единствен легитимен орган во моментов останува Врховната рада, рече Турчинов. Парламентот претходно изгласа закон со кој Тимошенко ќе биде ослободена од затвор.
Слично

Поврзани вести