Економија, финансии, бизнис

Контакт

Операцијата против Исламската држава доби име, знаете ли кое?

Операцијата против Исламската држава доби име, знаете ли кое?
Пентагон и даде име на воената операција против Исламската држава, која засега се состои од воздухопловни напади во Ирак и Сирија. „Операцијата е наречена ’Апсолутна одлучност’“, објави Ед Томас, портпарол на генералот Мартин Демпси. Тој додава дека одлуката е донесена пред неколку дена. САД на 8 август започнаа да ги бомбардираат припадниците на Исламската држава, најпрвин во Ирак, а потоа и во Сирија. Во изминатите два дена се изведените 20-тина напади, насочени кон позициите на џихадистите во Кобане, градот на сириско-турската граница кој се наоѓа под огромна закана да падне во рацете на радикалните исламисти.
Слично

Поврзани вести