Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПЕК: Судбината на цената на нафтата ќе се решава во Виена

ОПЕК: Судбината на цената на нафтата ќе се решава во Виена
Земјите-членки на ОПЕК ќе се состанат денеска во Виена на министерско ниво. Состанокот се смета за исклучително важен во период на историски пад на цената на нафтата на светските берзи. Се очекува земјите извознички на нафта да договорат одредено ограничување на производството за да се зголеми цената на нафтата. Но, внатре во ОПЕК мислењата се поделени. Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт не сакаат да прифатат намалување на производството на „црно злато“. Ниската цена, според нив, е адут за да се изборат пред се за американскиот пазар, во кого се повеќе влегуваат домашните производители на нафта од шкрилци. Од друга страна, Иран и Венецуела силно се залагаат за помало производство. Нивните економии се на удар заради ниската цена и помалите приходи од нафтата од планираните. Ниската цена на нафтата не и одговара ниту на Русија, која исто така се соочува со криза заради ваквиот тренд. Цените на нафтата на светските берзи од летоска се намалени за околу 30%. Барел нафта од типот „брент“ сега се продава за помалку од 80 долари.
Слично

Поврзани вести