Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПЕК: И понатаму ќе се произведува по 30 милиони барели нафта дневно

ОПЕК: И понатаму ќе се произведува по 30 милиони барели нафта дневно
Министрите за енергетика на земјите членки на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) денеска на состанокот во Виена се договорија да го задржат постоечкото ниво на производство. Исто така беше изгласано досегашниот генералниот секретар Абдулах Ел-Бадри да остане на оваа функција уште една година. Како што изјави министерот за енергетика на Саудиска Арабија Али ал-Наими, за време на министерскиот состанок на ОПЕК,  ќе се задржи моменталното производство кое изнесува 30 милиони барели дневно. Министрите, исто така, гласале Ел-Бадри уште една година да ја извршува функцијата генерален секретар, и покрај тоа што веќе одработи два мандата, бидејќи не можеле да му најдат замена.
Слично

Поврзани вести