ОПЕК бара и другите нафтени држави во светот да го намалат производството
На крајот на септември земјите од ОПЕК се согласија да го намалат вкупниот принос со близу 1 милион барели дневно. Тоа беше првото договорено намалување од 2008 година, а целта е јасна - цените повторно да започнат да одат нагоре. Тоа, сепак, се покажа недоволно за најголем картел во светот. Според информација на Reuters во средата, за време на Светскиот енергетски форум во Истанбул, претставници на ОПЕК ќе имаат средба со некои високи претставници на нафтените држави кои не се членови на нивната организација, за да ги убедат и тие да ги намалат своите приноси.
„Не можам да кажам дека многу држави надвор од ОПЕК сакаат да се приклучат. Не зборуваме за поддршка, зборуваме за придонес“, коментира саудискиот министер за енергија Калиф ал Фаит.
Најголемите држави производители кои не се дел од ОПЕК, се САД, Русија, Кина, Канада, Бразил и Мексико. Овие шест држави произведуваат дневно повеќе отколку сите 30 земји во картелот.
Според генералниот секретар на ОПЕК Мохамед Баркиндо дури да има договор, тој ќе влезе во сила шест месеци. Покрај тоа неговата примена ќе биде отежната од светските резерви, кои се проценуваат на околу 3 милијарди барели, како и од обидите на Либија и Нигерија да го зголемат производството.
Рускиот министер за енергија Александар Новак коментира дека Русија ќе го задржи досегашното ниво од околу 11.1 милиони барели дневно.
