ОПАСНОСТ ОД ТЕРОРИЗАМ: Министрите на ЕУ денеска ќе разговараат за безбедноста
Министрите за надворешни работи на земјите во Европската унија денес во Брисел ќе разговараат за безбедносните закани во Европа по неодамнешните напади.
Европа во моментов се наоѓа во зголемена подготвеност по неуспешните терористички завери во Белгија и нападите во Париз во кои беа убиени 17 лица.
Се очекува министрите да не донесат денес конечна одлука, но да разгледуваат серија опции паралелно со специјалниот самит посветен на тероризмот кој треба да се одржи идниот месец, пренесува „АФП“.
Белгија побарала од Грција да и испорача едно осомничено лице, кое се сомничи за можна поврзаност со завера на исламистите.
Не е јасно дали станува збор за Абделхамид Абауд, кој наводно е лидер на келијата која планирала убиства на белгиски полициски службеници.
Сепак до сега нема потврда од грчка страна дали тој е меѓу уапсените лица во Грција.
Една од темите на состанокот во Брисел ќе биде и односите со Русија, пренесува „Би Би Си“.
Министрите ќе се обидат да ги надминат големите разидувања меѓу државите на Унијата во врска со кризата во Украина и односите кон Русија.
Американските претставници потврдиле дека државниот секретар на САД, Џон Кери, ќе учествува во разговорите во Лондон посветени на групата „Исламска држава“.
Состанокот на членките на коалицијата на чело со САД, кои се борат против „Исламската држава“ ќе биде одржан на 22 јануари.
Слично
