Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опасно во Украина – крај на примирјето и нови жртви

Опасно во Украина – крај на примирјето и нови жртви
Примирјето не траеше долго во Киев. Од утрово нови жртви во судирите меѓу полицијата и демонстрантите. Според првичните информации, најмалку десетина лица го загубија животот во обновеното насилство, откако утрово беше прекршено договореното примирје меѓу приврзаниците на опозицијата и специјалните полициски сили. Ројтерс, пак, објавува дека 15-тина тела покриени со ќебиња биле снимени на и околу централниот Плоштад на независноста, каде што е епицентарот на судирите. Сите жртви биле цивили. Демонстрантите го зазедоа хотелот Украина, во близина на плоштадот и, според претставници на украинските безбедносни сили, од таму пукаат со снајпери. Министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Полска пристигнаа денеска во Киев, со последни дипломатски напори да се обидат да се избегне катастрофата кон која неизбежно се приближува оваа земја. Но, не успеаја ниту да се сретнат со украинскиот претседател Јанукович. Поради судирите кои се одвиваат пред претседателската палата, пристапот до неа е невозможен. ИТАР ТАСС јавува дека тројцата министри од безбедносни причини веќе го напуштиле Киев, без да имаат успех во нивната мисија. Неколку спортисти од украинскиот олимписки тим се повлекоа денеска од Олимписките игри во Сочи, во знак на протест заради крвопролевањата во Украина. „Како членови на украинскиот олимписки тим сакаме да објавиме дека сме разочарани од потезите на украинскиот претседател Виктор Јанукович, кој надежта на нашата земја ја претвори во крв, место решавање на конфликтите со разговори, како што се надевавме дека ќе биде кога тргнувавме за Сочи“, изјави скијачката Богдана Мацоцка. Предводникот на украинскиот тим на Олимпијадата, Сергеј Бубка сепак побара од спортистите да останат на Игрите и да покажат единство, иако рече дека ќе ја почитува одлуката на секој спортист дали ќе се натпреварува или не.  
Слично

Поврзани вести