Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опасно силен земјотрерс ја погоди Италија

Опасно силен земјотрерс ја погоди Италија

Силен земјотрес ја потресе централна Италија.

Според првичните информации, земјотресот бил со јачина од 6,1 степени. Почувствуван е и во Хрватска.

 Италијанските медиуми јавуваат дека епицентарот на земјотресот бил меѓу Анкона и Римини, а велат дека бил почувствуван и низ целата земја.

Корисниците на апликацијата ЕМСЦ од Хрватска известуваат дека сѐ сѐ тресела, добар дел од Истра и централниот Јадран.

Земјотресот е почувствуван по целото јадранско крајбрежје, како и во централна Хрватска, во Загреб, но и во соседните Словенија и Босна и Херцеговина.

Креветот ми се тресеше на сите страни, десет секунди имало силно тресење, галебите вознемирени - раскажува читателка од Задар.

- Ме разбуди, плакарот за малку не ми падна на глава - раскажува друга Задранка.

Италија вчера ја погоди уште еден земјотрес со јачина од 4,5 степени со епицентар во близина на Џенова.


Слично

Поврзани вести