Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПАСНО ОРУЖЈЕ НА ПУТИН: Еве каков нуклеарен удар му се спрема на ИСИС

ОПАСНО ОРУЖЈЕ НА ПУТИН: Еве каков нуклеарен удар му се спрема на ИСИС

Пред неколку дена рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не ја исклучува можноста од нуклеарен напад врз Исламската држава, но се надева дека нема да дојде до тоа. Но, на што точно мислеше рускиот претседател со оваа закана?

Експертите на оваа област, типуваат на неутронска бомба. Тоа е оружје која со силна радијација убива луѓе, но нема долгорочни последици како класичната атомска бомба.

Неутронската бомба „ја поштедува” воената техника и објектите, а ги уништува само противничките војници.

Оваа врста на оружје прв пат е употребена во 1963 година во Невада, а во американските воени сили се користи при крајот на седумдесеттите од минатиот век.

Неутронското оружје се темели на принципот на фузија на термонуклеарен експлозив, кој со помош на детонатор создава висока температура на која почнува термонуклеарна реакција – експлозија.

Ако дојде до експлозија на неутронска бомба од еден килотон на висина од 100 до 150 метри, нејзиниот размер на дејство достига до пречник од 200 метри, но дозата на зрачење би била смртоносна и на пречник од 1 200 метри.

Оружјето се користи за најбрзо уништување на непријателот без притоа да се направи колатерална штета.

Слично

Поврзани вести