Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опасно месо ќе ги преплави пазарите во Европа ако ТПТИ биде прифатен

Опасно месо ќе ги преплави пазарите во Европа ако ТПТИ биде прифатен

Стотици илјади тони месо во кое има рактопамин - опасен за човековото здравје бета-агонистички хормон може да ги преплават пазарите дома и во Европа, ако трговскиот договор меѓу ЕУ и САД биде потпишан.

Националниот совет за производство на свинско во САД повика да се исклучат од преговорите за ТПТИ сите „предлози на ЕУ кои не почиваат на научни основи, кои доколку бидат воведени, можат да се претворат во сериозни пречки за трговијата (на пример мерките за хуман однос кон животните)“. Целта е обезбедување на пристап до европскиот пазар за нискиот квалитет на американски производи.

Рактопаминот , со кој во САД се третираат животните, се поврзува со зголемување на агресија, срцевиот ритам и осакатувањето кај свињите.

Европскиот орган за безбедност на храната направи проценка на рактопаминот во 2009 година, претежно на неговиот потенцијал да влијае на кардиоваскуларниот активност кај луѓето, и заклучи дека преостанатите нивоа на хормонот не можат да се доволно ниски, за да ги заштитат најранливите луѓе. ЕУ забранила продажба на свинско месо со содржина на траги од рактопамин поради ризиците за потрошувачите. Слични забрани се воведени во Кина и Русија.

Во моментов нема барање од страна на ЕУ да се преразгледа политиката кон односната хемикалија. Националниот совет за производство на свинско во САД тврди дека „производителите на свинско во САД нема да прифатат друг резултат освен укинувањето на забраната за употреба на рактопамин во ЕУ“.

Пресметките покажуваат дека меѓу 60 и 80% од свињите во САД се третирани со оваа хемикалија.

ТПТИ / TTIP е трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции.

Слично

Поврзани вести