Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПАСНО: ИСИЛ почнува глобален џихад – и Македонија ја сакаат во исламскиот калифат!

ОПАСНО: ИСИЛ почнува глобален џихад – и Македонија ја сакаат во исламскиот калифат!
Терористичката „Исламска држава на Ирак и Левант“ предизвика вознемиреност на светско ниво откако прогласи исламски калифат на освоените територии, но објави дека ја укинува и регионалната црта од своето име. Наместо „Исламска држава на Ирак и Левант“ ќе се нарекува само „Исламска држава“ на чело со калиф, на која ќе мора да и се приклучат сите муслимани во светот и да и искажат целосна верност. „Лидерот на ИСИЛ Багдади е калиф на сите муслимани“, рече портпаролот на досегашната ИСИЛ Абу Мухамад ал-Аднани во соопштението објавено на првиот ден од Светиот месец Рамазан. Со овој потег, по извојуваните големи територијални победи во Ирак и Сирија, првите луѓе на оваа радикална и крајно брутална сунитска вооружена организација, покажуваат амбиции да ги избришат меѓународните граници „кои потекнуваат од колонијално време“, да ја урнат ирачката шиитска власт поддржана од САД и Иран и да воспостават единствена транснационална семуслиманска држава, со која ќе управува калиф. На Твитер се појави и мапа, која наводно ги претставува исламистичките аспирации, кои го вклучуваат целиот Балкански Полуостров, заедно со Македонија. Мапата се споделува со наслов „Патот на ИСИЛ: Целта за обединет Исламски калифат“. Еве како изгледа таа посакувана мапа за терористите: Освен Балканот, териториите со кои сакаат да владеат радикалите ги вклучуваат и Шпанија, Блискиот Исток, Северна Африка и големи делови од Азија. „Со оваа изјава Исламската држава не испраќа порака само до Сирија и Ирак, туку и до целиот регион и светот. Пораката е дека Исламската држава станува закана за сите држави. Верувам дека сите земји, когаќе ја прочитаат декларацијата, ќе го променат своето однесување, бидејќи со неа се бара лојалност од сите муслимани“, вели портпаролот на ирачката војска Касим Ата.  
Слично

Поврзани вести