ОПАСНО: Хамас го гаѓа нуклеарниот реактор на Израел!
Сирените за тревога од воздушен напад повторно се огласија денеска во градот Димонa на југот од Израел, каде што се наоѓа израелски нуклеарен реактор.
Хамас презеде одговорност за вчерашното ракетирање на Димона, отворено признавајќи дека станува збор за обид да се нападне токму реакторот.
Во денешниот напад, израелскиот противракетен систем успеал да пресретне една ракета, додека две паднале на отворено. Остатоците од едната ракета биле пронајдени во близина на бензинска пумпа, во околината на овој град.
Противракетниот систем „железна купола“ од почетокот на новите израелско-палестински судири, пресретна и уништи над 70 палестински ракети.
Хамас презеде одговорност и за ракетирање на Тел Авив, при што користи ракети од типот М-75. Во масовните воздушни напади на израелската војска само минатата ноќ се гаѓани 58 тунели што ги користи Хамас, 220 подземни рампи за лансирање ракети и 46 командни и контролни места.
Слично
