Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПАСНИ БРОЈКИ: Колку мигранти дошле во Европа а колку се удавиле?

ОПАСНИ БРОЈКИ: Колку мигранти дошле во Европа а колку се удавиле?

Повеќе од 700 000 бегалци и имигранти достигнаа до медитеранските брегови на Европа од почетокот на годината до сега, соопштија од Агенцијата за бегалци на ОН.

Од нив речиси 562 355 лица пристигнале на брегот на грчките острови, додека 140 000 пристигнале во Италија. Со што се сметаат и пристигнатите во други држави чиј вкупен број достигнува до 705 200 луѓе од кој 20% се деца.

Од почетокот на годината 3210 лица се водат или за исчезнати или за загинати за време на патувањето низ Средоземното Море. Повеќе од половина од мигрантите се Сиријци, 18% се од Авганистан и 6% од Ирак.

Во исто време Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека бегалскиот бран нема знаци за намалување. Според нив, само во сабота во Грција пристигнале 5239 луѓе, а во неделата - 4199.

„Поради лошото време и разбранувањето на морето, екипата на ИОМ истакнува дека следењето на миграциските чамци станува се потешко“, се вели уште во соопштението на организацијата.

Слично

Поврзани вести