Опасни болести се шират мегу бегалците
Лаишманиозата е ендемска во Сирија со векови и некогаш била позната како „зло од Алепо".
Оваа болест се шири низ Блискиот Исток, во услови на тешки конфликти и уништени болници во окупираните делови од „Исламска држава". Лаишманиозата е болест која е предизвикана од паразит во крвта. Болеста може да доведе до отворени рани.
Граѓанската војна во Сирија не се смирува и поттикна огромна бегалска криза, што доведе до ширење на болеста. Стотици илјади од погодените од болеста живеат во бегалските кампови, а слична ситуација може да се јави и во Либија и Јемен.
Здравствениот систем во Сирија е уништен од конфликти. Во 2015 година беше објавено дека повеќе од половина државни болници во земјата се затворени или функционираат само делумно, што значи дека во некои области луѓето треба да патуваат околу 200 километри за да добијат здравствена помош. Случаите на лаишманиоза се дуплирани од 23 000 пред почетокот на војната во 2011 година до 41 000 во 2013 година.
Во Јемен секоја година има зголемување за нови 10 000 случаи на лаишманиоза.
