Опасната ебола стигна и во Европа
Вирусот на ебола се префрли на европско тло. Заразена е медицинска сестра во Шпанија, која се грижела за свештеникот Мануел Гарсија Виеја, кој претходно веќе заболен беше префрлен од Африка.
Шпанската медицинска сестра се смета дека е прв случај на заболен кој опасниот вирус го добил надвор од африканските земји каде беснее епидемијата.
Таа била тестирана за вирусот на ебола и наодите се позитивни, информираа шпанските здравствени власти. Сепак, смируваат дека нема причина за паника меѓу населението затоа што опасноста вирусот дополнително да се прошири во Европа е мала.
Свештеникот Мануел Гарсија Виеја почина на 25 септември во болницата во Мадрид, каде што беше префрлен откако се зарази со вирусот во Сиера Леоне.
До сега повеќе од 7.500 луѓе се инфицирани од опасниот вирус во западна Африка, а 3.400 починале.
ЕБОЛА: Како се шири вирусот, а како не?
Слично
