Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опасна бактерија пронајдена во производите на „Фонтера“

Опасна бактерија пронајдена во производите на „Фонтера“

 Новозеландската компанија „Фонтера“ и упати „длабоко извинување“ на Кина откако во млечните производи кои ги извезла на нејзиниот пазар е пронајдена опасна бактерија која предизвикува ботулизам.

- Длабоко се извинуваме на сите кои се погодени, изјави во Пекинг извршниот директор на „Фонтера“ Тео Спрингс. Тој истакна дека „Фонтера“ издала предупредување со што со тестови е утврдено дека во нејзините млечни производи се наоѓа бактерија која предизвикува опасна болест.

Кина и Русија го стопираа увозот на млеко во прав и други млечни производи од Нов Зеланд поради опасност од ширење ботулизам.

Двете земји ја донесоа одлуката откако „Фонтера“ вчера соопшти дека повлекува 1.000 тони млечни прозводи затоа што на тестовите е утврдено присуство на бактерија која ја предизвикува тешката болест ботулизам.

Слично

Поврзани вести