Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОПАСЕН ПРЕДИЗВИК НА ТИК-ТОК ОДНЕСЕ УШТЕ ЕДЕН МЛАД ЖИВОТ: Децата се онесвестуваат пред камерите и не се будат

ОПАСЕН ПРЕДИЗВИК НА ТИК-ТОК ОДНЕСЕ УШТЕ ЕДЕН МЛАД ЖИВОТ: Децата се онесвестуваат пред камерите и не се будат

Во Шкотска, тинејџерот Леон Браун почина затоа што сакаше да биде првиот што ќе го испроба предизвикот кој е популарен на TikTok.

Мајката на шкотскиот тинејџер Леон Браун, која го пронашла мртов во неговата спална соба, изјави дека и тој учествувал во опасниот „Предизвик за онесвестување“. Лорин Китинг (30) го пронашла телото на нејзиниот 14-годишен син Леон Браун во нивниот дом во Камберно на 25 август.

Подоцна дознала дека тој учествувал во застрашувачки предизвик кој го оставил 12-годишниот Арчи Батерби со фатална повреда на мозокот што подоцна довела до неговата смрт. Зборувајќи за Daily Record, Лорин рече: „Еден од пријателите на Леон ми кажа дека направил предизвик со нив на Facetime откако го видел на TikTok“.

„Мојот Леон сакаше да биде тој што ќе го проба прв. Тој и неговите пријатели веројатно мислеа дека е смешно и забавно. Едно од децата со кои беше на Facetime ми кажа што направил. Таа рече дека мислеле дека ќе се разбуди. Но Леон не се врати“, истакна Лорин.

"Слушнав за овој предизвик, поради тоа што му се случи на Арчи Батерсби. Но, едноставно не очекувате вашето дете да го направи тоа. Предупредете го дека овие онлајн предизвици не вредат за нивниот живот. Тие не вредат "лајкови"", рече мајката.

Трагедијата со смртта на Леон доаѓа само неколку недели откако Арчи Батерсби почина на 6 август. Неговата мајка Холи Денс исто така го пронашла Арчи во несвест во неговиот дом во Есекс. Момчето се здобило со „катастрофална“ повреда на мозокот и било ставено на апарати за одржување. Тој почина откако неговото семејство ја загуби долгогодишната правна битка за продолжување на лекувањето за одржување на животот.

TikTok рече дека има имплементирано мерки за да ги спречи корисниците да споделуваат видеа во тренд и дека пребарувањето на терминот „Swoon Challenge“ сега ги носи корисниците во безбедносниот центар на апликацијата. Корисниците исто така можат да пријават какви било видеа што содржат графичка содржина. TikTok ги избриша и видеата со предизвици од платформата.


Слично

Поврзани вести