Опаѓа продажбата на автомобили во Европа
Европската должничка криза ни одблизу не е надмината. Тоа значи црна иднина за европскиот автомобилски пазар. Во Европа продажбата на автомобили е во слободен пад.
Во 2008 година во 27 земји на ЕУ се продаваа 17 милиони нови возила годишно, додека во последната година продажбата е опадната за 3 милиони. И годинава трендот оди кон натамошно намалување.
Особено тешко погоден од кризата е францускиот произведувач Пежо-Ситроен. Производството на оваа фирма е насочено кон малите автомобили кои традиционално се продаваат добро во јужна Европа. Но, тоа е минато. Во земји погодени од кризата како Шпанија или Италија, но и на домашен терен во Франција, компанијата повеќе не може да оствари добивка.
Во влошени економски услови луѓето ретко се одлучуваат да купуваат нови автомобили. Оттука статистиката за продажбата на нови автомобили е добар индикатор за економската состојба.
