OOН:Во Турција живи биле изгорени 100 невооружени луѓе
Повеќе од 100 невооружени луѓе биле изгорени живи во турскиот град Сизре.
Ова го тврди Комесарот за човекови права на ОН, Зеид ал Хусеин. Тој објаснува дека изгорените се скриени во три различни подруми. Хусеин побара целосна истрага на случаите. Според него, постојат информации од сигурни извори и за тоа дека турските војници отвориле оган врз невооружени цивили. Во градот Сизре уште кон крајот на минатата година беше воведен полициски час, а со цел да се спротивстави градот на бунтовници поврзани со Курдската работничка партија.
Руперт Колвил, портпарол на високиот комесар на ОН за човекови права изјави од Женева дека остро го осудуваат насилството и други нелегални активности извршени од групи за кои се тврди дека се поврзани со бунтовниците и жалат за било каква човечка загуба како резултат на терористички акти.
