Онлајн трговијата во Кина надмина 161 милијарди долари
Во 2012 година приходите од трговијата на мало во Кина, остварена преку интернет, е поголемa од еден трилион јуани (161 милијарди долари), соопшти министерот за трговија на земјата Чен Димин, цитиран од ИТАР-ТАСС.
"Вредноста на показателите сеуште се прецизира и најверојатно ќе достигне 1,2 трилиони јуани ", истакна Чен.
Според него, во последните години трговијата на мало преку интернет во Кина се развива со големи чекори. Приходите од неа се зголемија од 25,8 милијарди јуани (4,15 милијарди долари) во 2006 година до 780 милијарди јуани (125 милијарди долари) во 2011 година.
"Купувањето преку интернет го менува начинот на живот на луѓето, создавајќи дополнителни предуслови за интензивирање на процесите на индустријализација и урбанизација во Кина", истакна тој.
Владата на земјата придава големо значење на зголемувањето на бројот на населението во градовите.
Слично
