Економија, финансии, бизнис

Контакт

Онлајн трговијата во Кина цвета, САД го губи првото место

Онлајн трговијата во Кина цвета, САД го губи првото место
И покрај многуте ограничувања наметнати на интернет, онлајн трговија во Кина цвета,  соопшти агенцијата Bloomberg . Доказ за тоа е извештајот на консултантската компанија Bain & Company , според кој оваа година Кина ќе ги надмине САД во однос на потрошувачката на оние што купуваат преку интернет. На малку подолг рок, истражувањето прогнозира дека за 15 години, половина од шопингот на мало во азиската држава ќе се прават онлајн . За периодот 2009-2012 година просечната стапка на раст на онлајн трговијата во Кина бил 71 отсто , додека во САД , каде шопингот преку интернет е многу популарен, растот е едвај 13 проценти. Тоа води до очекувањето дека во 2015 година, вкупниот обем на онлајн купувања во Кина ќе достигне до 539 милијарди долари . Во 2012 година вкупните трошоци направени од кинеските корисници на интернет , биле 212.4 милијарди долари . Во исто време Американците потрошиле онлајн 228.7 милијарди долари . Оваа промена во моделот на потрошувачка доаѓа поради брзо растечкиот пристап до интернет. Според тековните податоци, речиси 80 % од сите Кинези со пристап до глобалната мрежа имаат паметен телефон или таблет .
Слично

Поврзани вести