Економија, финансии, бизнис

Контакт

Онлајн развод – поевтино е?!

Онлајн развод – поевтино е?!
Досега мрежата „Wevorce“ беше користена за запознавање на партнери и склучување на бракови, но од минатата недела партнерите ќе можат и да се разведуваат онлајн на специјализираниот сајт, пишува „New York Times“. Софтверската програма „Wevorce“ ветува дека максимално ќе ја олесни  разделбата на сопружниците, бидејќи ги изработува потребните документи со 6 кликања, при што не се потребни услугите на скапи адвокати. За плаќање од 7 500 долари „Wevorce“ користи еден бракоразводен посредник што е значително поевтин од стандардните трошоци во такви случаи кои во просек чинат 27 000 долари. Секоја од странките која ги побарала услугите на сајтот си избира посредник, кој ќе ги поднесе документите пред судот. Во таква ситуација сопружниците дури немаат потреба да присуствува на сослушувањето. „Wevorce“ нуди и меѓународни услуги доколку еден од брачните партнери не е државјанин на САД. Сајтот обезбедува и фер поделба на парови кои не склучиле формален брак, но требаат да делат заедничка сопственост. Меѓутоа „Wevorce“ е за луѓе кои решиле да се разведат по цивилизиран начин со партнерот. Тој не се препорачува за оние кои решиле да водат тешки судски битки за имот и старателство над децата.
Слично

Поврзани вести