Оние кои од Индија ќе се вратат во Австралија може да добијат затворски или парични казни
Строги мерки има за сите оние кои од Индија ќе се вратат во Австралија.
Австралиските граѓани што се враќаат дома од Индија може да се соочат со затворска казна од пет години и парични казни.
Претходно, владата го прогласи патувањето привремено нелегално. Министерството за здравство објави дека одлуката е донесена „врз основа на процентот на луѓе во карантин кои се заразиле со ковид-19 во Индија“.
Претходно оваа недела, Австралија ги забрани сите летови од Индија. Во Индија има околу 9.000 Австралијци, од кои 600 се класифицирани како ранливи
Од понеделник, за секој кој бил во Индија во рок од 14 дена од предвидениот датум на пристигнување во Австралија, ќе биде забранет влез во земјата. Неисполнувањето на новата одлука може да резултира со затворска казна во траење од пет години, парична казна од 42.000 евра или обете. Одлуката ќе биде разгледана на 15 мај, објави Министерството за здравство.
foto freepik
