Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОН: Во Украина се извршени воени злосторства, дури и деца биле силувани и мачени

ОН: Во Украина се извршени воени злосторства, дури и деца биле силувани и мачени

Шефот на независната истражна комисија за Украина во петокот изјави дека по спроведените истраги во четири региони во земјата, било заклучено дека се извршени воени злосторства.

- Врз основа на доказите собрани од Комисијата, заклучокот е дека во Украина се извршени воени злосторства - рече Ерик Мозе во Советот за човекови права на ОН во Женева.

Мозе не кажа конкретно кој ги извршил воените злосторства, но работата на комисијата на ОН беше концентрирана на Киев, Чернихив, Харков и Суми, области кои беа под окупација на руските сили.

Инспекторите посетија 27 места и разговараа со 150 сведоци и жртви.

На тие места било утврдено дека биле извршени повеќе ликвидации, а истражителите пронашле тела со врзани раце, пресечени грла и прострелни рани во главата.

Мозе наведува и дека биле извршени и сексуални злосторства, а жртвите биле на возраст меѓу четири и 82 години. Децата биле силувани, мачени и затворани, рече Мозе.

Русија беше поканета да одговори на овие обвинувања, но нејзиното место во Советот беше празно. 

Москва постојано ги негира нападите врз цивили и тврди дека наводите за кршење на човековите права имаат за цел да ја оцрнат нејзината „специјална воена операција“.

Слично

Поврзани вести