ОН состави „црна листа“: Санкции за секој што ќе ја помага Исламската држава!
Резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации, усвоена едногласно непосредно откако досегашниот ирачки премиер Нури ал-Малики се согласи да ја предаде власта, инсистира на итно распуштање и разоружување на радикалните формации Исламската држава и Ал Нусра, поврзани со Ал Каеда.
Се работи за најконкретна и најопсежна мерка која досега ја презеде Советот за безбедност на ОН за да се спречи напредувањето на Исламската држава. Текстот на Резолуцијата се повикува на поглавјето 7 од Повелбата на ОН, што овозможува примена на санкции, па дури и на сила, но засега не дозволува воена интервенција.
Со овој документ на „црна листа“ се ставени шест лидери на Исламската држава, меѓу кои самопрогласениот калиф Абу Бакр ал Багдади и портпаролот на џихадистите во Ирак Абу Мохамед ал Аднани, кој се смета за негова „десна рака“.
Резолуцијата се заканува со санкции на сите кои финансираат, регрутираат или испраќаат оружје за џихадистите.
„Советот за безбедност на ОН на најсилен начин ги осудува терористичките активности на Исламската држава, нејзината насилна екстремистичка идеологија, постојаното систематско и широко кршење на човековите права и повредата на мешународното хуманитарно право“, стои во усвоениот документ.
Слично
