OН со резолуција ја осуди руската инвазија на Украина, само пет земји гласаа „против“
На итното заседание на генералното собрание на ОН, 141 земја од вкупно 193 гласаа „за“ резолуцијата за осуда на руската инвазија на Украина, пет беа „против“, додека 35 апстинираа од гласањето, вклучувајќи ја и Кина. Резолуцијата не е правно обврзувачка, но е израз на ставовите на членството на ОН.
Во резолуцијата, се вели дека ОН: „најсилно ја осудуваат агресијата на Руската Федерација против Украина“. Со неа се бара„ Руската Федерација итно да прекине да ги користи своите сили против Украина“ и „веднаш, комплетно и безусловно да ги повлече своите воени сили“.
Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Албанија се меѓу земјите од регионот што гласаа за резолуцијата.
Пет земји беа против - Русија, Белорусија, Сирија, Еритреја и Северна Кореја.
foto ЕPA