Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОН се надеваат – еболата ќе биде под контрола за три месеци!

ОН се надеваат – еболата ќе биде под контрола за три месеци!
Епидемијата на ебола, која го заплашува целиот свет, би можела да биде ставена под контрола за три месеци, смета специјалниот пратеник на ОН за ебола Дејвид Набаро. Во интервју за Би-Би-Си, тој истакна дека бројот на заболени од опасниот вирус рапидно се зголемува, но зголемената општествена свест може да помогне епидемијата да се стави под контрола многу наскоро. Набаро нагласува дека луѓето сфатиле оти најдобар начин да се контролира болеста е да се изолираат заболените. „Мислам дека сега имаме многу подобар однос на јавноста, што ме наведува да помислам дека ставањето под контрола на еболата во идните три месеци е разумна цел. Кога велам „ставање под контрола“, мислам дека во следните недели бројот на новозаболени ќе започне да опаѓа, се до точката во која нема да има нови заразени“, оптимистички прогнозира тој. Од ебола досега починаа над 4.000 лица, според податоците на Светската здравствена организација, од кои најголем дел во западна Африка. Инфицирани се околу 8.300 лица.
Слично

Поврзани вести