ОН: Родовата еднаквост не е достигнатa во ниту една земја
Директорката на Агенцијата на ОН за права на жената Пумзиле Мламбо Нгчука во интервју пред Денот на жената изјави дека дваесет години откако 189 држави го прифатија планот за постигнување еднаквост меѓу мажите и жените, ниту една земја не оствари родова еднаквост.
Таа истакна дека насилството врз жените и нивната недоволна вклученост при донесувањето одлуки се резултат на машката доминација во светот, што мора да се промени за да се оствари еднаквоста меѓу мажите и жените.
Според Мламбо Нгчука, светските лидери треба да започнат да зборуваат гласно и отворено против сексуалното насилство и негирање на женските права, а подобрувањето на родовата еднаквост мора да биде на врвот од нивната агенда.
Комисијата за статус на жената ќе одржи состанок следната недела, при што ќе ја преразгледа платформата за акција на 150 страници со цел да се постигне родовата еднаквост. Таа беше усвоена во 1995 година на конференција на Агенцијата за права на жената во Пекинг.
Љ.Н.
Слично
