Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОН: Речиси целосен застој на бродскиот сообраќај низ Ормуската Теснина

ОН: Речиси целосен застој на бродскиот сообраќај низ Ормуската Теснина

Бродскиот сообраќај низ Ормуската Теснина е речиси целосно запрен од крајот на февруари, соопштија Обединетите нации.

Според најновите податоци на Агенцијата на ОН за трговија и развој, УНКТАД, бројот на преминувања на бродови низ овој клучен поморски коридор од 28 февруари е намален за 95,3 проценти. Агенцијата ги следи движењата на цените на бродскиот транспорт, храната, енергенсите и финансиските пазари во услови на ограничен поморски транспорт.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дужарик, изјави дека по почетокот на блокадата цените на храната се зголемиле за шест проценти, додека цената на суровата нафта за европскиот пазар пораснала за 53 проценти.

Техеран ја блокираше Ормуската Теснина како одговор на нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари.

Затворањето на теснината предизвика сериозни нарушувања во светската трговија, поскапување на енергенсите и итни мерки во повеќе земји за да се спречи недостиг на гориво. Повторното отворање на овој поморски премин остана едно од клучните прашања во разговорите за завршување на конфликтот.

Слично

Поврзани вести