ОН повика да се собере хуманитарна помош од 702 милиони долари за Јемен
Хуманитарна криза настапи во Јемен каде што гладува половина население. Обединетите нации повикаа да се собере хуманитарна помош од 702 милиони долари за 7,7 милиони сиромашни граѓани на Јемен.
Организацијата за координирање на хуманитарните работи (ОЦХА) упати апел за обезбедување на помош за јеменскиот народ, кој поради внатрешните судири и нестабилноста се соочува со сериозна хуманитарна помош.
Од организацијата наведуваат дека на Јеменците им е најпотребна храна, вода за пиење, хигиенски средства и лекови, нагласувајќи дека поради недостиг на храна во земјата е регистрирана висока стапка на смртност меѓу новороденчињата.
Слично
