Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОН објави бројка на загинати и повредени цивили, но се смета дека бројките се многу поголеми

ОН објави бројка на загинати и повредени цивили, но се смета дека бројките се многу поголеми

Според податоците на Обединетите нации, во Украина се убиени најмалку 351 цивил, а 707 лица се повредени. Сепак, се смета дека реално бројките се поголеми. За многу извештаи сè уште се чека потврда. 

Повеќето цивилни жртви се убиени со експлозивно оружје во широк опсег, вклучувајќи тешки артилериски гранатирања и ракетни и воздушни напади.

Пред 10 дена Русија ја почна инвазијата на Украина. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин ја призна независноста на републиките Доњецк и Луганск. 

Деновиве цивили загинаа во Киев, при што од 7 лица, две беа деца. 

Околу 400 луѓе денеска се извлечени со коридор, но потоа имаше пукање и извлекувањето на цивили прекина. 


Путин рече дека тешко донел одлука за воена операција, но тврди дека се можело да се реши на мирен начин. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести