ОН: Невработеноста и понатаму ќе расте!
Bројот на невработени лица и понатаму ќе расте како резултат на глобалната криза и падот на еконимјата. Според Меѓународната организација на труд во Обединетите Нации од 4 четири милиони, бројот на невработени се искачи на 197 милиони, а предвидувањата се дека и натаму ќе расте.
Имено, ОН предвидуваат дека бројот на невработени во 2013 ќе порасне за уште 5.1 милиони, а во 2014 за три милиони лица, а само во 2013-та, шест отсто од светската работна сила во 2012 била без никаков работен ангажман.
Се истакнува дека во пораст е и невработувањето на долг период, бидејќи е утврдено дека третина од невработените во Европа се без работа во период подолг од една година.
Меѓународната организација на трудот потенцира и во земјите кои го задржале стариот систем на школување, како Германија, Австрија и Швајцарија, има најмал процент на невработеност на младите лица.
Слично
