Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОН ќе формира фонд за образование на децата бегалци

ОН ќе формира фонд за образование на децата бегалци

Обединетите нации (ОН) објавија дека создаваат светски фонд за финансирање на образовни програми за деца и младинци, протерани од својата татковина поради воени конликти и природни катастрофи.

„Така ќе им помогнеме на околу 30 милиони млади луѓе да го продолжат своето образование“, рече специјалниот претставник на ОН за прашањата на образованието Гордон Браун.

Фондот, наречен „Образованието не може да чека“ ќе биде официјално прогласен следната недела во Истанбул, каде што ќе се одржи светски самит за хуманитарни прашања.

„Веруваме дека овој фонд ќе им даде на младите деца. Знаеме каква е цената, кога младите се принудени да емигрираат, бидејќи нивните родители сметаат дека немаат друга шанса освен да заминат за Европа или Америка.

Овие млади луѓе се врбувани од терористи. Знаеме каква е цената и како се уништуваат млади животи, кога си принуден да го напуштиш училиштето и си насочен кон експлоатација наместо кон образование“, рече поранешниот британски премиер и изрази сигурност дека Фондот ќе започне да работи од почетокот на следната недела.

Одлуката за неговото создавање е донесена во врска со постојаниот недостиг во ОН на средства за финансирање на наставни програми. За нив се издвои една 2% од средствата за хуманитарна помош.

Според зборовите на Браун создавањето на Фондот е овозможено благодарение на тригодишната работа на УНИЦЕФ, УНЕСКО, Управата на високиот комесаријат за бегалци на ОН, Програмата за развој на ОН, Светската банка и други меѓународни организации, невладини организации и донатори.

Амбицијата е за пет години да бидат собрани 3,85 милијарди долари, со кои ќе се осигура дека девојките и момчињата, кои се далеку од дома, ќе продолжат да одат на училиште. Според Гордон Браун, целта е „да се врати надежта на една изгубена генерација“.

Слично

Поврзани вести